Општина Карпош континуирано ја унапредува активната транспарентност, со цел граѓаните навремено да имаат пристап до информации за работата на локалната самоуправа, како и за своите права и обврски.

Според Индексот на активна транспарентност за 2026 година, изработен од Центарот за граѓански комуникации, Општина Карпош е оценета со 96,9% и е вброена во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност. 

Што подразбираме под активна транспарентност? Активната транспарентност подразбира институциите самостојно и навремено да објавуваат информации, без граѓаните претходно да поднесат барање за нивно доставување. Со проактивното објавување на информациите, институциите придонесуваат кон поголема отчетност, одговорно управување со јавните средства и почитување на принципите на добро владеење и интегритет. Објавените информации треба да бидат лесно достапни, разбирливи, релевантни и употребливи за граѓаните. 

Општина Карпош продолжува да гради отворена, транспарентна и отчетна локална самоуправа, во интерес на граѓаните и со почитување на нивното право на информираност.