КАРПОШ 1 ДОБИ ПЕТ НОВИ ПАРКИНЗИ
- март 31, 2016
- 0
Инфраструктурните зафати на територијата на Општина Карпош, продолжуваат со несмален интензитет. Изградбата и реконструкцијата на пет паркинг простори во населбата Карпош 1, беше повод, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, да даде изјава за медиумите.
– Согласно обврските кои што ги презедовме кон граѓаните на Карпош 1, Општината Карпош изгради пет нови паркиралишта. Тие се наоѓаат на улицата ,, Никола Тесла’’ бр. 8, 12 и 16, на улицата ,, Гиго Михајловски’’ бр.2 како и на улицата Руѓер Бошковиќ бр. 5. Петте паркинг простори се со вкупна површина од 2.503 квадратни метри, со отприлика простор за 80 возила, каде граѓаните ќе можат да ги паркираат своите возила.
– Во исто време на некои од овие паркинзи, поставуваме и атмосферска канализација, со цел да имаме поквалитетно одводнување, и основната работа – да може да обезбедиме поголем паркинг простор за граѓаните на Карпош 1, бидејќи овој дел од општината е густо населен.
– Во изминатиот временски период, Општина Карпош во сите делови, каде што имаше простор да се направат паркинг места, ги направи. Со ова практично ги заокружуваме сите барања на граѓаните, за поставување на бекатон плочки, или било какво друго решение за обезбедување на дополнителен паркинг простор. Целата инвестиција е вредна 3.326.735 денари и е платена од буџетот на Општина Карпош, а фирмите изведувачи на паркинзите се: Анизор, Ексико ДООЕЛ, Бауер БГ, Чингар Инженеринг и Еуроинвест Инг, односно пет различни фирми, за петте паркинзи, образложи за медиумите, првиот човек на Општината , Стевчо Јакимовски.