ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФЕСОРОТ ЧЕПРЕГАНОВ

 

           

Образованието, дијалогот, толеранцијата, способноста да се решат конфликти на мирен начин се одраз на зрела нација, на заедница и општество кое оди напред, посочи Проф. д – р Методи Чепреганов, на денешното свое предавање во Карпош, во просториите на Кинотека.

 

Професорот Чепреганов се осврна на повеќе клучни аспекти за правилен развој на една личност. Говореше за деструкцијата како вроден нагон, кој треба да го контролираме со зрелост, но и за стресот како надворешен фактор – причинител на поголем број психосоматски заболувања.

 

На денепното предавање се обрати и градоначалникот Стефан Богоев, кој посочи дека му е чест и лично задоволство што волку креативен и исклучителен научник е жител и заслужен граѓанин на Општина Карпош.

 

Покрај веќе стекнатите награди, градоначалникот Богоев му посака уште нови достигнувања и признанија кои допрва ќе следат.