ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА НА БОГОЕВ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КАРПОШ 1 И 2
- април 18, 2019
- 0
Продолжија информативните средби на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев со пензионерските клубови на територија на Општината. Денеска, Богоев се сретна со повозрасните наши сограѓани од Карпош 1 и Карпош 2.
Присутните се информираа за проектот Мој Карпош – Моја Картичка, но со градоначалникот поразговараа и за други актуелни прашања и проблеми.
– Со картичкагта Мој Карпош успеавме да направиме мост на соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и бизнис секторот. Ве повикувам да се регистрирате и да добиете картичка за голем број на попусти и бенефиции во угостителски објекти, здравствени ординации, културни и спортски објекти, рече Богоев.
Во пријатна и топла атмосфера, пензионерите искрено разговараа со градоначалникот и на тема за заштита на животната средина.
„Бев кај син ми во Австралија. Изразив желба да го наводнам зеленилото во дворот, но веднаш ме опоменаа. Затоа што таму има систем и се знае во точно утврден ден и време кога се наводнуваат зелените површини, но и граѓаните каде и кога го фрлаат отпадот“, искрено говореше сограѓанката.
Секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина. За да имаме правилен и хуман развој на населбите, треба секој да води сметка. Градоначалникот Богоев напомена дека Општината ќе ги интензивира и инспекциските контроли на терен, за да се спречи свесното уништување на урбаната опрема и фрлање на отпадот на јавните површини.
При крајот на средбата се разговараше и за проектот за „Хумани патроли“, кој е во процес на подготовка и консултација со засегнати страни, со којшто ќе се овозможи нега и заштита за дел од социјално загрозените граѓани и изнемоштени лица.