ИЗГЛАСАН КВАРТАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЛЕДНИОТ КУМУЛАТИВЕН ПЕРИОД ОД 2024 ГОДИНА
- февруари 7, 2025
- 0
Во рамки на 61-вата редовна седница на Советот на Општина Карпош која се одржа денеска во просториите на Универзитетот Скопје, советниците ги разгледуваа и одлучуваа за 15-те точки кои се најдоа на дневниот ред. Во таа насока, мнозинството советници го усвоија Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општината за четвртиот квартал за 2024 година, односно кумулативно за квартал од 01.10.2024 до 31.12.2024 година.
Во образложението на овој документ е наведено дека во колоната План, се прикажани вкупните приходи коишто се планирани со Буџетот за 2024 година во износ од 1.455.639.000 денари, додека пак реализираните приходи за четвртиот квартал изнесуваат 1.347.721.257 денари. Притоа, во општинскиот Буџет се планирани приходите во висина од 707.331.000 денари, а остварената реализација на приходите за третиот квартал изнесува 660.239.742 денари.
Советот даде „зелено светло“ и за Предлог-Одлуката за утврдување на надоместокот за градежно земјиште во с. Горно Нерези. Имено, за изградба на објекти со намена домување во куќи – А1, се утврдува износот од 5.227 денари за м2 нето развиена површина, за домување во згради – А2 исто така се утврдува износот од 5.227 денари за м2, а истиот износ од 5.227 денари за м2 е утврден и за изградба на објекти со намена заедничко (групно) домување – А3 и за времен престој, односно – А4. За објектите од групата на класи на намени – Г (поточно – Г2 лесна и незагадувачка индустрија, потоа – Г3 сервиси и Г4 – стоваришта), се утврдува износот од 11.000 денари за м2, нето развиена површина.