Во Општина Карпош, по барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, ЈП Паркови и зеленило“, исече две тополи. Ова е сторено, по претходно утврдени испитувања за состојбата на  двете дрва.

 Општина Карпош нема издадено налог за сеча на дрвјата во Карпош 4, а освен тоа, што е позначајно, на постоечката локација не е предвидена изведба на  било каква инфраструктура или градежни активности.