ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ИМОТ
- јуни 11, 2025
- 0
Општина Карпош ги информира сите граѓани кои досега не добиле Решение за наплата на данок на имот за 2025 година, дека можат да ги регулираат своите обврски на начин што ќе се обратат до урбаната заедница на која и припаѓаат. Исто така, граѓаните можат да се обратат директно до Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци во Општина Карпош (ул. Радика бр. 9).
За повеќе детали, граѓаните можат да се информираат секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот на следниве телефонски броеви: 02/3055-942
078/486-054
078/487-636
070/263-522
071/221-111
Во оваа пригода би сакале да ве потсетиме дека данокот за имот за 2025 можете да го платите и по електронски пат на следниот линк на Град Скопје
Линк https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml