И ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА „ПАРИСКА“

Граѓаните на Општина Карпош ќе бидат вклучени во сите фази на претстојната реконструкција на улицата Париска во Тафталиџе 1. Ова е еден од критериумите на Министерството за транспорт и врски и Светска банка, преку кои Општина Карпош ќе ја добие реконструкцијата на оваа важна сообраќајница во Карпош.

 Тоа подразбира учество на граѓаните со предлози и забелешки во сите фази на реконструкција на улицата, од увид во проектната документација, до мониторинг на изведбата на улицата, пред се од аспект на заштитата на животната средина,

 Оттаму, Општина Карпош ги повикува сите заинтересирани граѓани од Тафталиџе 1 кои се непосредно заинтересирани, но и другите жители или вработени во овој дел од Карпош, активно да се вклучат во реализацијата на овој инфраструктурен проект.

 Општина Карпош со свој проект за улицата Париска, аплицираше за вклучување во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта“ кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски а со поддршка од Светска банка.

 Светска банка и Министерството за транспорт и врски се институциите кои ќе ги преземат обврските околу јавната набавка, избор на изведувач и надзор на реконструкцијата на инфраструктурните проекти, како што е улицата Париска во  Тафталиџе 1.

Граѓаните  сите информации и известувања околу престојната реконструкција на Париска ќе ги добиваат преку веб страницата на Општината и преку социјалните мрежи (facebook, twitter, Instagram). Своите предлози, забелешки, жалби поплаки, пофалби и севкупната комуникација ќе можат да ја остварат по електронски пат на :

Мејл: dance.popovska@karpos.gov.mk

И на апликацијата: m-zaednica.mk

Должината на улицата е 406м. Профилот на улицата е составен од коловоз со широчина од 14м и тротоари од двете страни на улицата. Тротоарите се со променлива широчина  (генерално 1.90м) и се усвоени според постоечката состојба со цел да се задржат постојните габарити.

            Подолжниот пад се движи 0.3 % до 1.30 % што покажува дека има делници што се со помал пад од минимално дозволениот- 0.35 %. Истите се условени од теренот, со цел улицата да биде незабележливо корегирана во вертикална смисла.

            Попречниот пад на коловозот е двостран и изнесува 2,5%, исто така за да се вклопи во постојната состојба, а попречниот пад на тротоарите е 2% кон коловозот.

            Улицата има изведена фекална и атмосферска канализација. Со предвидените попречни и подолжни падови се обезбедува одводнувањето на атмосферските води од асфалтната површина на улиците. Собирањето на водата ќе се врши во постоечките сливници со попивателни бунари, како и преку предвидените 6 нови комплети- сливник со попивателен бунар.

            На улицата има изведено и сооодветно улично осветлување, како и вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Особено внимание ќе се обрне на рампите на пешачките премини и влезовите на зградите и куќите, како би се овозможило удобно движење на инвалидски колички, детски колички, велосипеди и сл.

 

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот(преземи) 

Механизам за жалби и поплаки (преземи)