Зимската служба на општина Карпош распрскува сол низ коловозот на целата своја територија, за да го олесни сообраќајот и движењето на граѓаните. Во моментов се работи на потешко пристапните улици во населбите Жданец, Трнодол, Козле (долж улицата „Ловќенска“) и Бардовци. Исто така, соодветната механизација е активна и во централните населби на Карпош, во т.н урбано јадро.

 

Рано утринава, Општината делуваше превентивно со емулзиона течност, за да се спречи замрзнување на коловозот во повисоките населби. Во таа насока, службите интервенираа навремено,  со цел да се создадат услови за безбедно движење на сите жители.

 

Општина Карпош организираше и дежурни комунални служби, кои во текот на утрешниот ден ќе работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони (градинки, основни училишта, маркети, аптеки и сл.).

 

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани да користат зимска опрема на своите возила, да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот.