ЗБОРОВИТЕ МОЖАТ ДА ОХРАБРАТ !
- ноември 12, 2024
- 0
Зборовите можат и да поддржат!
Во текот на вчерашниот ден во Кинотеката на Р.С. Македонија, се одржа трибина со родители чии што деца учат во училиштата во Карпош.
Настанот беше во организација на Одделението за образование. Салата преполна, а интересот на родителите голем. Се говереше за врсничкото насилство помеѓу учениците и за тоа какви трајни емоционални лузни остава насилството кај нив. Одговорноста на наставниците и одговорноста на родителите е да научат да ги препознаваат знаците и да реагираат навремено и ефективно со цел да пружат заштита на учениците. И на жртвите и на насилниците.
Актерот Сашко Коцев ја водеше средбата, додека психологот Деспина Стојановска сподели искуства од досегашниот тек на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, особено од работилниците со учениците.
Освен родителите, на вчерашната едукативна средба свои искуства споделија и Викторија Кочевска, директор во основното училиште „Владо Тасевски” и Васка Митова, родител претставник од основното училиште „Јан Амос Коменски”.
Сите заедно да ја искористиме моќта на зборовите во позитивна насока и да создадеме подобар свет за нас и за нашите деца.