Денеска се одржа првиот состанок – работилница „Акциски План Скопје Зелен Град“. Со него, главниот град се приклучува кон проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), „Зелени градови“, во кој фокусот е ставен на низа предизвици за заштита на животната средина и создавање на одржлив развој на градовите.

 

На денешниот прв состанок присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, а во работниот дел се приклучија и претставници од Секторот за животна средина и енергетска ефикасност при Општината.

 

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој се осврна на клучните аспекти од проектот „Зелени градови“.

 

– Овој проект подразбира создавање на стратегија за ефикасно справување со загадениот воздух, отпадните води, адаптација на климатските промени, но и сериозно подобрување на јавниот транспорт со автобуси на природен гас. Сето ова треба да придонесе да го намалиме загадувањето на локално ниво, рече Шилегов.