ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „СОФИСКА“
- септември 4, 2026
- 0
Општина Карпош презеде активноти за реконструкција на постојната улична мрежа на улица „Софиска“ во населбата Тафталиџе 2. За таа цел ќе биде поставен нов асфалт на површина од 410 метри, а долж коловозот од двете страни ќе бидат поставени нови рабници. Оваа реконструкција опфаќа и замена на долниот строј, како и замена на бехатон коцките на тротоарот.
По тој повод, премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска направија увид во градежните работи кои се одвиваат на гореспоменатата улица.
- „Оваа улица ќе добие подобри, побезбедни и поквалитетни услови за движење на сите жители. Особено ми е драго што овој проект го реализираме со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт, за што сме им посебно благодарни“ – истакна градоначалникот Лукровски.
Изведувач на градежните работи е фирмата ОСД „Кирил ДООЕЛ“ – Штип, а вкупната вредност на изведбата чини 17.596.396 денари со пресметан 18% ДДВ. Целосната реализацијата на овој проект е овозможена со финансиски средства кои ги обезбеди Владата на РСМ, кои пак Министерството за Транспорт и ги додели на Општина Карпош, врз основа на учество на Јавен повик.









