Во  програмските активности на   градинката „ Орце Николов“,   дечињата од оваа детска установа, денеска присуствуваа на презентација за прва помош.  Акцијата „ Родителски  професии“, овој пат продолжи   со запознавање на најмалите карпошани со  најхуманата професија.

 

Тимот за спасување на планина при Црвениот крст на Град Скопје преку показни вежби ,  им демонстрираше  на дечињата како се укажува прва помош.