ЗАМЕНА НА АЗБЕСНИТЕ ПОКРИВИ ВО КАРПОШ
- јануари 6, 2016
- 0
Вчера, во амфитеатарот на Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје, советниците на Општина Карпош ја продолжија четириесет и третата седница на Советот која беше прекината пред новогодишните празници. Едногласно советниците ги изгласаа преостанатите четири предлог точки од програмата, со што се комплетираше работата по дневниот ред на истата седница.
Со почеток од 15:00 часот во просториите на Технолошко – Металуршкиот факултет, претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски ја отвори четириесет и четвртата седница на советот. Советниците од Општина Карпош ја изгласаа со големо мнозинство предлог одлуката за одобрување финансиски средства за учество на општина Карпош за заменување на покривните покривачи од азбестни цементни табли со пластифициран ребраст лим на колективни станбени згради и индивидуални станбени објекти на подрачјето на Општина Карпош. На станарите кои живеат во непосредна близина на трговскиот центар Скопје Сити Мол со донесувањето на одлуката на денешната седница ќе им биде обезбеден бесплатен паркинг простор на паркинг просторот на трговскиот центар. Во рамките на училишниот двор во ООУ,, Аврам Писевски’’ во с. Бардовци е одобрена од советниците изградбата на детска градинка по Правилникот за енергетска ефикасност, со што на граѓаните од ова населено место ќе им биде овозможено користењето на придобивките од ваков инфраструктурен објект