ЗАЕДНО ЗА ПОДОБАР КАРПОШ
- јули 9, 2018
- 0
Општина Карпош во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија во периодот јули-октомври 2018 година ќе спроведе истражување, чија цел е да го слушне мислењето на граѓаните за тоа како ја доживуваат и чувствуваат населбата во која живеат или работат.
Прашалникот за здрава населба е веќе поставен на веб страната на Општината. Од исклучителна важност ќе биде, граѓаните да го искажат својот став не само преку оценување на одредена област од Прашалникот која го афектира квалитетот на животот во Карпош, туку и описно да ја образложат својата оценка.
Прашалникот за здрава населба овозможува на граѓаните, јавниот и приватниот сектор, волонтерските групи и непрофитни организации и другите, да ги најдат оние аспекти во населбата, кои треба да бидат таргетирани за да се подобри здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот во неа. Попополнувајќи го Прашалникот граѓаните ги разгледуваат и оценуваат физичките и социјалните елементи на просторот (населбата).