ЗАВРШИ ВТОРИОТ ЦИКЛУС СУБВЕНЦИИ-ПОДДРШКА ЗА НОВИ 131 ВЕЛОСИПЕДИСТ
- јуни 20, 2018
- 0
Со исцрпување на фондот од 360.000 денари наменет за втората етапа за субвенции за купување на нови велосипеди што ги одобри Советот на Општина Карпош, денес официјално заврши вториот циклус на субвенционирање на граѓаните од Карпош што ги нуди локалната самоуправа.
Севкупно, во првиот и вториот дел од субвенционирањето, финасиска помош од Општината за оваа намена добија вкупно 239 граѓани.
По принцип на „прв дојден, прв услужен“, како во првиот, така и во вториот циклус, кој започна на 28 мај и траеше до денес, со субвенции при купувањето се стекнаа уште 131 жител на Карпош. И овој пат, Општина Карпош субвенционираше 30% од вкупниот износ на новиот купен велосипед, или максимум 3.000 денари од цената на купениот велосипед. За оваа акција и партиципативност на локалната власт имаше извонреден интерес кај граѓаните, посебно кај помладата популација.
Основниот мотив, според градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, е со субвенционирањето при купување на нови велосипеди да се стимулираат карпошани активно да го користи ова превозно средство, со што, ќе се придонесе за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а со тоа ќе се унапреди заштитата на животната средина.