За чисто Скопје – заедно!
- септември 30, 2026
- 0
Денес, градоначалникот Сотир Лукровски активно се приклучи на големата еко акција за чисто Скопје, иницирана од градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Заедно со останатите скопски градоначалници, Лукровски даде свој придонес во акцијата, испраќајќи јасна порака за важноста на заедништвото, соработката и одговорниот однос кон животната средина.
Чистата околина и уредниот јавен простор се заедничка одговорност. Со дела, а не само со зборови – за подобро Скопје!









