На барање на основното училиште „Вера Циривири Трена” е направен увид од нашите екипи  на тротоарот пред училиштето, каде е констатирано дека имало паркирани возила.

За да го реши овој проблем,  Општина Карпош постави столпчиња долж тротоарите со што децата отсега ќе можат непречено и безбедно да се движат по патеката до своето училиште.