Вистинска роденденска атмосфера се случуваше вчеравечер на плоштадот Делфина во наслебата Влае. И покрај есенската ладна вечер, карпошани не се предомислија и излегоа од своите топли домови да се забавуваат со незаборавните хитови на балканската музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ.

 

Двочасовниот концерт на српскиот поп пејач ја стопли атмосферата и предизвика вистинско расположение и огромни аплаузи кај многубројната публика. Неговата  дискографија од познатите хитови како што се : „Судбина“, „Око твоје неверно“, Било је лепо“, „Све је моје твоје“, „Покажи ми шта знаш“ и многу други, со кои ги почести присутните им измами насмевки на нивните лица .

Мегапопуларниот Жељко Самарџиќ го прослави и и го честиташе 40-тиот роденденот на Општината при што изрази задоволство што заедно ќе се забавува со својата публика. Многубројната публиката, од најмладите до најстарите жители на Карпош, меѓу кои и градоначалникот Стевчо Јакимовски, присуствуваа на забава на гостинот од Србија, и на атмосфера за паметење.