Како  дел од ,,Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психо социјална добросостојба и развој на децата и адолесцентите’’, со поддршка на Министерството за  здравство, а во организација на Здружението за одржлив развој БИОМ, во понеделникот се одржа обука за жени лидерки од општините Карпош, Гостивар, Крива Паланка и Битола. Работната средба беше реализирана со цел поддршка за подигање на јавната свест за значењето на менталното здравје на децата, адолесцентите и младите лица. Ангажираните жени-лидерки со новостекнатите знаења и алатки, ќе го кренат гласот во средините кадешто живеат.

Тимот од жени-лидерки од Општина Карпош беше составен од др. Добрила Андоновска, Виолета Куновска, Невена Георгиевска, Благица Цветановска (членови на Советот на Општина Карпош) и Емилија Арсовска (раководител на Одделението за образование на Општина Карпош). Оваа обука која беше организирана во Скопје, е првата од последователна низа форуми во заедниците во општините Битола, Карпош, Гостивар и Крива Паланка во текот на 2023 година.