Едукативна работилница за безбедност на храната во градинките
- ноември 23, 2023
- 0
На 21.11.2023 година, се одржа втората едукативна работилница за безбедност на храната, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство за вработените во кујните од Јавните установи општински детски градинки на територијата на Општина Карпош. Работилницата се одржа во просториите на ЈУОДГ„ Орце Николов“, објект Карпош 4.
Присутни беа вработените во кујните во градинките како директни учесници во подготовка на храната како и другиот персонал што учествува во набавката, приемот и транспортот на храната.
Предавачи на работилницата беа Светлана Колариќ- Државен советник за храна и Светлана Миновска-Раководител на Сектор за проценка и комуникација со ризик, Лекар специјалист по хигиена и здравствена екологија.
Минатата година, на иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа првата Едукативна работилница за вработените во кујните во градинките, а оваа година беа поканети од страна на општина Карпош да одржат едукативна работилница, со друга содржина, бидејќи како општина сметаме дека безбедноста на храната е еден од најважните делови од престојот и згрижувањето на децата во градинките.
На првата работилница со вработените во градинките беше договорено да одржуваат вакви средби еднаш годишно, за да направи анализа со кои проблеми се соочиле во текот на годината, но и во кој сегмент има напредок.
Работилниците се организирани со поддршка од вработените во Секторот за дејности од јавен интерес, Одделение за детска, социјална и здравствена заштита.