Денеска во ООУ „Јан Амос Коменски“ се одржа показна евакуациона вежба со симулација на пожар, реализирана од Одделението за заштита и спасување при Општина Карпош, во соработка со претставници на Црвениот крст – Карпош.

 Целта на вежбата беше учениците и наставниот кадар да се запознаат со правилните постапки за безбедна евакуација и навремена реакција во случај на пожар. 

Општина Карпош континуирано вложува во унапредување на безбедноста преку превентивни активности, едукација и јакнење на подготвеноста за справување со ризици.