Целосно се испочитувани одредбите од членот 20 од Законот за урбано зеленило, во постапката за носење на ДУП – от за Градска четврт З04 Блок 2, како и одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

 

Со него се предвидува во секоја градежна парцела да се испочитува законската одредба за најмалку 20 % зеленило. Ова е посочено во општите и посебните одредби, за секоја градежна парцела поединечно, во текстуалниот дел од ДУП – от (достапен на веб страната, www.karpos.gov.mk, во делот „Огласна табла“). Во прилог се извадоци од горепосоченото.

 

При реализацијата на ДУП – от, сите страни  (и општината и потнцијалните инвеститори) се должни да ја испочитуваат законската регулатива пропишана во планот, да имаат најмалку 20 % зеленило во рамки на градежната парцела. Во спротивно, нема да можат да се стекнат со градежно – техничка документација (одобрение за градба).

 

Јавната анкета за посочениот план трае до 15.06.2020 година, секој работен ден, од 08:00 до 15:00 часот, во просториите на Општина Карпош (барака 2). Тоа значи дека секој засегнат граѓанин може да поднесува анкетни листови со свои забелешки и сугестии.

 

Урбанистичко – планската документација во Карпош се носи согласно важечките закони, со значително поголема отвореност и транспарентност од минатото.

 

Граѓаните и сите општествено – политичките субјекти да бидат спокојни. Завршено е времето кога ДУП – овите се носеа на сила, а јавниот простор беше узурпиран.