Основките од „Владо Тасевски“ постигнаа огромен успех освојувајќи го високото второ место на државното првенство, во рамки на Малите Олимписки игри во одбојка за девојчиња кои се одржаа во Делчево. Во денешното финале покрај одличната игра на теренот, екипата од „Козле“ сепак не успеа да го скрши отпорот на своите ривалки од Тетово, по што тимот на ООУ „Лирија“ заслужено дојде до победничкиот пехар. Одбојкарките од „Владо Тасевски“ мотивирано влегоа во финалниот меч, откако претходно во полуфиналето славеа над домаќинките, односно екипата на ООУ „Климент Охридски“ од Делчево. Во борбата за третото место, бронзениот медал го освоија одбојкарките од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.

Задоволни од прикажаната игра, младите одбојкарки од Карпош оставија одличен впечаток на државно ниво, достоинствено претставувајќи го своето училиште и општината од која доаѓаат.