На последната седница на Советот на Општина Карпош, во рамки на ребалансот на Буџетот, советниците дадоа „виза“ за доделување на дополнителни средства за клучните проекти во локалната самоуправа.

Станува збор за нови 90 милиони денари кои ќе се употребат за изградба на енергетско ефикасни фасади кај старите колективни станбени објекти, за замена на азбесните покриви на колективни и индивидуални домови, како и на старите и дотраени лифтови кај повеќекатниците.