Во рамки на овогодинешната културна манифестација, детска ликовна колонија Св.Пантелејмон, денеска во дворот на библиотеката ,,Другарче”, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги додели дипломите за учесниците.

Тој, во своето обраќање ја пофали работата на извонредните талентирани ученици, кои потенцираше дека овие уметници се веќе подготвени за сопствена изложба. Како благодарност на поканата и поддршката што Општината ја дава, детскиот културен центар –Белград, Србија, му додели на Јакимовски графика изработена од ученичка од основното училиште ,,Милан Ракиќ”, и монографија под наслов ,,Од игре до слободе” од 70 годишното постоење на детскиот културен центар Београд.

Оваа традиционална манифестација која се одржува по 17-ти пат, е во организација на детскиот културен центар, а секоја година неизмерна поддршка добива од Општината.