Општина Карпош и годинава доделува осуммесечни стипендии на талентираните основци од VIII и IX одделение, кои учат во основните училишта на нејзина територија. За таа намена во соработка со Одделението за образование, локалната самоуправа ќе исплати 22 стипендии од прва категорија во висина од 3.500 денари, како и 29 стипендии од втора категорија во вредност од 3.000 денари.
На овој начин Општината традиционално ги мотивира младите карпошани, со цел тие да остваруваат одлични резултати во полето на образованието, како и во слободните активности кои се организираат надвор од училиштата.
Во прилог ја објавуваме табелата со рангираните добитници на стипендии за учебната 2024/2025 година: