Основно училиште „Димо Хаџи Димов“

Училиште: Димо Хаџи Димов
Урбана заедница: Влае
Адреса: ул „Ангел Динев“ бб
Телефон: 02/20 41 635
   
Веб страна: http://www.ou-dimohdimov.edu.mk/
Директор: Лела Николоска (076-496 – 889 ) 
Кратка биографија: ОУ „Димо Хаџи Димов” се наоѓа на ул. „Ангел Динев” бб во населба Влае-Скопје. Училишната зграда е од монтажен и павиљонски тип, изградена непосредно по катастрофалниот земјотрес 1963 год. Наставниот процес се реализира во повеќе објекти, пет засебни бараки зависно од активностите. Во најава е изградба на нов модерен училишен објект.

Реонот на Општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“, ја опфаќа територијата на урбаната заедница Влае 1, Влае 2 што се простира на исток до р.Вардар, на север до ул „Ацо Шопов“, на запад до бул „Македонска војска“ и на југ до ул „Теодосије Гологанов“.

Училиштето располага со училишен простор од 4944 м2 и дворна површина од 19947 м2.

Наставата во ОУ „Димо Хаџи Димов” се реализира во две смени со приближно рамномерен број на паралелки и ученици. Во училиштето учат 728 ученици во 32 паралелки, а се вработени 78 лица. Наставата се одвива на македонски наставен јазик. ОУ „Димо Хаџи Димов“ организира и продолжен престој.

Збратимено со ПОУ „Луиѓ Гуракуќи“ с.Долна Лешница, Општина Желино

Збратимено со ПОУ „Кирил и Методија“ с.Стајковци, општина Гази Баба. 

Патронен празник: 20 Октомври