Градинката “Мајски цвет”, објект “Тафталиџе 1” од Карпош, Скопје, ја освои првата награда на конкурсот организиран од “Суниленс”, претпријатие што се занимава со рециклирање отпадно масло. Во рамките на екопроектот “Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење” беше спроведена наградна игра, а повеќе критериуми беа основа за нејзино добивање: Најголемо количество собрано отпадно масло, креативни творби и добро организирани работилници и активности. На 22.10.2024 година, беше одржана семејна работилница на која родителите и децата, низ разновидните активности, потврдија дека го заслужија првото место.