ДЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- јуни 7, 2022
- 0
Утре среда (08.06.2022) ќе се одржи десетта Седница на Советот на Општина Карпош со почеток во 10 часот.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Кинотеката на РСМ.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записник од девета седница на Советот на Општина Карпош
- Разгледување на Предлог-Иницијатива за дополнување (изменување) на Програмата за екологија и енергетска ефикасност на Општина Карпош
- Разгледување на Предлог-Иницијатива Советот на Општина Карпош да донесе Одлука со која престојот и исхраната на децата во градинките „Орце Николов“, „Мајски Цвет“, „Распеана Младост“ и „Пролет“ ќе бидат ослободени од партиципација
- Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ 01, Блок 6, Општина Карпош – Скопје
- Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка за ГП 2.18 од ДУП МЗ Влае 1, населба Маврово и Водовод (Одлука бр. 07-720/2 од 05.07.2001 година), со технички бр. 022/05/22 од мај 2022 година, изработена од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје
- Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка за ГП 6.5 од ДУП (измена и дополна) за населба Влае 1, дел Б (Одлука бр. 07-1080/1 од 19.07.2002 година), со технички бр. 31/2022 од мај 2022 година, изработена од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетска ефикасност за 2022 година
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2022 година
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишен План за именување и дополнување на Годишниот план за вработување на Општина Карпош за 2022 година,
- Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за најдобро уреден еко-училишен двор-катче на основните општински училишта на територија на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Здружение за спорт и рекреација на граѓани и млади лица со посебни потреби Денсерс Јунајтед – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Аврам Писевски“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Братство“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Вера Циривири Трена“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Владо Тасевски“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ – Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување план за Братство за 2022
- Предлог-Решение за за разрешување и именување членови во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување на ООУ „Братство“ Општина Карпош, Скопје.