Поради непрофесионалното, необјективно и спинувано известување на Телевизија Телма го приложуваме оригиналниот одговор кој го доби новинарката Билјана Николовска од Општината на нејзините прашања. Од ова произлезе само:„… од Општината велат се доделува земјиштето на соседната парцела“. Нешто што воопшто не е кажано. Затоа севкупниот одговор и деловите од него изостанаа во целост. Околу професиоанлизмот и новинарството како пример и пред АВМУ и пред Советот за етика и пред „ад хок телото“ за мониторинг на медиумите!

Предмет : Одговор на прашања

До : Телма ТВ

 

 

                                  За потребите на ТВ Телма ве молам да ми одговорите на следните прашања:

 

1.                 Дали со непосредна спогодба меѓу Општина Карпош и фирмата Флоростат е оттуѓено државно градежно земјиште за дооформување на градежна парцела што преставува КП бр.2014/4 со површина од 67 м2  и КП.бр 3006/32 нова положба со површина од 564 м2.

 

-Земјиштето  има 14 сопственици, инаку станува збор за градежна парцела која има вцртано маркица уште со стариот ДУП. Земјиштето  е продадено согласно позитивните законски прописи , на кое дава согласност Министерството за финансии и Државното правобранителство. Ако само еден дел од продажбата не е согласно прописите Правобранителството ја сопира продажбата. Инаку земјиштето е продадено на сосема ист начин како што во јануари оваа година (2016-та) е извршена продажба на земјиштето за изградба на бензинска пумпа на „Макпетрол“ на булеварот Теодосиј Гологанов.

 

2.               Ако е дадено со непосредна спогодба зошто е избран овој начин.

 

–                    Затоа што така стриктно наложува Законот кога станува збор за дооформување на парцела и тоа не е случај само за оваа локална самоуправа, туку парцелите се дооформуваат на ист начин во било која општина во Република Македонија.

 

3.               Дали општината може да им излезе во пресрет на граѓаните и да ја стопира намерата за изградба на објект на овие парцели.

 

–                    Ако некој сопственик исполнува услови за градба по закон, тогаш ниту општината ниту било кој друг, може да му го спречи правото за градба. Инаку, зошто градоначалникот Андреј Жерновски не ја спречи изградбата на градбите на Водно?

 

4.              Колкав објект е предвиден таму и за која намена?

 

-Станува збор за објект П+5, односно приземје и пет спрат на основа од 500 квадратни мери.

 

доколку имате потреба задообјаснување слободно напишете го. Поздрав,

Билјана Николовска

ТВ Телма

 

 

071 213 412