Мултиталентираната ученичка од ООУ „Вера Циривири Трена“, Ана Крстевска, изминатиот викенд се закити со две награди.

 

На 37-от Државен  натпревар по географија кој беше во организација на ПМФ-Институтот за географија, Ана втор пат по ред освојува прво место во Република Македонија, додека пак на 41-от Државен натпревар по математика за основно образование, организиран од Факултетот за електротехника и информатички технологии, талентираната ученичка го освои третото место во конкуренција на 64 основци од целата држава. Со ова, Ана обезбеди место на јуниорската македонска математичка Олимпијата која ќе се одржи на 28 мај, а локацијата на настанот дополнително ќе се утврди.