Во саботата навечер со богата музичка програма заврши манифестацијата „Ем умеам, ем можам“.  Познатата македонска поп група од  деведесетите години „Нокаут“, беше одлична увертира за концертот на хрватската ѕвезда Данијела Мартиновиќ, која со енергичен концерт ја затвори овогодинешната манифестација.

Многубројната карпошова публика, од најразлични возрасти, најпрво се забавуваше  со  ретро- хитовите на момците од Нокаут, и се потсети на минатото, а потоа хрватската дива, претставуваше одлично музичко забавување за присутните во саботната ноќ. Пред почетокот на концертот на Данијела Мартиновиќ, претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски, се обрати пред присутните.

 

–                    Сакам да ве поздравам од мое, и од името на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, и да изразам задоволство, што сте присутни во толкав број. Ова е четиринаесета година по ред, како ја организираме оваа манифестација ,, Ем умеам, ем можам“, која е претходник, на Деновите на Општина Карпош, со кои го прославуваме роденденот на локалната самоуправа. Воедно сакам и да им го честитам четвртиот роденден на ,,Скопје Сити Мол“, и сум  задоволен, што можеби најрепрезентативниот трговски центар во државата, се наоѓа токму на територијата на нашата Општина, потенцираше Лазаровски.

 

Претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски, исто така напомена, дека присутните можат да ги разгледаат штандовите, на кои се претставени производите на познати македонски брендови, од мали и средни претпријатија на територијата на Карпош.

 

–                    Упатувам и голема благодарност, до малите и средни бизнис претпријатија, кои соработуваа со нас како локална самоуправа, и на тој начин оваа манифестација прерасна во своевидна традиција за нас како Општина. Ве повикувам, во уште поголем број, да ја прославиме  идната јубијелна петнаесета по ред ,,Ем умеам, ем можам“ манифестација наредната година, нагласи претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски.