Магистар по медицински науки, од областа на современиот третман на изгоредици. Специјалист по пластична и реконструктивна хирургија со 35 годишно работно искуство во јавното и приватното здравство. Основоположник на Центар за третман на изгореници, за што стручно се едуцирала во Љубљана, Загреб, Софија и Оксфорд. Автор и коавтор на над 100 стручни и научни трудови од областа на хирургијата.
Ги застапува интересите на граѓаните на Општина Карпош, како советник на Граѓанската Опција за Македонија во мандатите 2013 – 2017, 2017 – 2021 и продолжува во мандатот 2021 – 2025 година
. Општествено активна и после пензионирањето во 2020 година.