Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со директорката на градинката „Пролет“, на која се разговараше за тековното фукционирање на градинката и условите за престој на децата во перидот додека се одвива изградбата на новиот објект.

На денешната средба беше констатирано дека згрижувањето на децата од двата објекта се реазлизира редовно и организирано, при што се превеземаат сите потребни мерки за обезбедување на безбеден и квалитетен престој на најмладите. Воедно, се разговараше и за тековните потреби на градинката, како и за активностите кои се превземаат за да се обезбеди непречено згрижување на децата до завршувањето на новиот објект на градинката.

Градежните работи на новиот објект се одвиваат со силен интензитет и согласно предвидената динамика, а со завршување на изградбата ќе се обезбедат значително подобри услови за згрижување на децата во функционален и современ објект кој ќе одговори на потребите на најмладите карпошани.