
Сотир Лукровски, градоначалник на Општина Карпош 2025 – 2029
Сотир Лукровски е роден на 15.07.1973 година во Скопје.
Во 2014 година дипломирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на отсекот по економија, а средното образование го завршил во 1992 година во економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје. Амбициозноста и упорноста ги дефинираат неговите социјални вештини и способности. Особено се истакнува во неговиот колегијален и креативен пристап, при што успешно функционира работејќи во мултикултурна и мултиетничка средина. Тој поседува одлични организациски способности кои практично ги имплементира како менаџер за продажба и маркетинг, во фирмата Медикус Хелп во периодот од 2000 до 2010 година. Од 2010 до 2025 година работи на позицијата Помошник директор за маркетинг и продажби, во реномираната компанија Алкалоид КОНС – Скопје. Во деловна конверзација одлично го говори англискиот јазик, со фокус на развој и имплементација на маркетинг стратегии, изработка и примена на анализи, внатрешна координација и административна поддршка.
Од 2009 година активно работи во интерес на зачувување на корените, фолклорот и традициите на Македонците, по потекло од Егејскиот дел на Македонија.
Канали на комуникација
e-mail: gradonacalnik@karpos.gov.mk
https://www.facebook.com/SotirLukrovskiKarpos









