Неуморно, дури и за време на празниците градежната офанзива во Општина Карпош не запира. Денес комплетно се заврши реконструкцијата на улицата Петар Драганов.

По поставувањето на новото улично осветлување, смена на комплетната подземна инсталација и изградбата на новите тротоари, жителите на оваа улица од Општина Карпош добија Велигденски „подарок“, поточно улицата Петар Драганов го доби вистинскиот лик со нејзиното асфалтирање. 

Со оваа градежна активност е заокружена градежната активност во населбата Тафталиџе 2 и жителите на оваа населба можат да се пофалат со висок стандард на домување и инфраструктурна поставеност на европско ниво.