ВРЕМЕН ПРЕКИН НА ДЕЛ ОД УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ
- февруари 1, 2018
- 0
Ги известуваме граѓаните на Општина Карпош дека вечерва нема да биде во функција уличното осветлување на пешачката патека долж болницата “8-ми Септември” и Новопроектираната улица која се наоѓа помеѓу клиниките Филип Втори и Букурешт.
Прекинот на електрична енергија ќе трае додека дефектот се санира од страна на службите и оперативни екипи на ЈП Улици и патишта. Се очекува дефектот да биде отстранет до утревечер.
Ви благодариме на разбирањето.