ВО КАРПОШ: ГИ ЧЕКАМЕ ПРВАЧИЊАТА СО ПОДГОТВЕНИ РАНЧИЊА
- септември 1, 2020
- 0
Општина Карпош подготвено го чека стартот на новата учебна година.
Со обезбедени 700 – тини училишни ранци за првачињата, кои како подарок ги намени локалната самоуправа, се чека само на почетокот на наставната година, која е најавена за еден месец подоцна, односно за 1 октомври. Тогаш, ранчињата ќе им бидат врачени на првачињата кои ќе стартуваат со физичко присуство на наставата, или пак на родителите кои ќе се одлучат за он-лајн настава.
Подарок ранчињата во себе го содржат неопходниот училишен прибор за непречен старт во образованието: линеар, А4 тетратки, блок за цртање, прибор за цртање и боење, гуми, моливчиња, пенкала…
Во меѓувреме, екипи на Општината од ИТ секторот со во контрола на сите десет основни училишта кои функционираат на територијата на Карпош со цел да ја утврдат фактичката состојба и потребата од компјутери, функционалноста на интернет мрежата (оптиката) и се што е потребно од технички аспект за квалитетно одвивање на он -лајн наставата.
Инаку, наставата ќе се одржува според веќе усвоиениот здраствен протокол.