Од утре, сабота (1.06.2019 година) од 6 часот, па до недела (2.06.2019 година), ќе се отпочне со изведување на градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу бул.„Партизански Одреди“, ул.„Манапо“ и ул.„Лондонска“. Поради тоа ќе биде целосно затворен за сообраќај  булеварот „Партизански одреди“ и тоа од вкрстувањето со улица „Бледски договор“ (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска“ и „Московска“ (ТЦ Сити мол), а автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени. При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постоечките постојки на трасите.  Времено по изменети траси од вообичаените ќе сообраќаат:

Линиите: 2, 2А, 4, 12, 21, 22, 22А, 24

*Во правец од Центар према Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса.

*Во обратен правец по истата траса.

Линиите: 32, 56, 56А, 11, 11А, 60, 64А

*Во правец према Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“ по булевар „8 Септември“, булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса.

*Во обратен правец по истата траса.

Линиите 4А и 28 во Тафталиџе ќе го користат терминалот од линија 24 како почетна/крајна постојка.

Линиите: 7, 15, 15А, 19 и 59

*Во правец према Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Никола Парапунов“ (Стара телевизија), лево на булевар „Партизански одреди“ и пред ТЦ Сити мол, лево на улица „Љубљанска“, при што Терминалот  Карпош 4 ќе го користат како крајна и почетна станица

.

*Во обратната насока ќе тргнуваат од  Терминалот Карпош 4 и секој ќе се движи по својата вообичаена траса.