ВАСИЛИЦА ВО НЕРЕЗИ
- јануари 14, 2016
- 0
Традиционалната долгогодишна манифестација на палење Василичарски оган и делење на паричка организирана од граѓаните на Урбаната заедница ,, Нерези’’, се одржа и вечерва, ноќ кога се чека Стара Нова година и спроти празникот Свети Василиј Велики или Василица.
Во месноста наречена ,, Крушата’’, цели две децении Нережани го прославуваат овој празник со богата трпеза, греана ракија и добро расположение. Овогодинешниот кум Оливер Станоески кумството го предаде на Никола Керамичиев, кој ја имаше среќата да му се падне паричката, со желба за здравје, успех и бериќет во новата година.