Основно училиште „Братство“

 
 
 
Училиште: Братство
Урбана заедница: Тафталиџе 2
Адреса: ул „Московска“ 18
Телефон: 30 77 889
   
Веб страна: http://ooubratstvo.edu.mk
Директор: В.Д. Јадранка Поповски (контакт 070/343 – 279)
Кратка биографија: Основното училиште Братство – Скопје дејствува како самостојно училиште, се наоѓа на ул „Московска“ бб, во чиј склоп има и подрачно училиште во с.Г.Нерези. Во него се образуваат и воспитуваат ученици на македонски и албански јазик.

Училиштето е изградено после земјотресот во 1964 година (монтажно училиште-англиски тип).

Реонот на Општинското основно училиште „Братство“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе 2 што се простира на исток до ул „Московска“, на север до бул„Партизански Одреди“, на запад до р.Вардар и на југ до ул „Теодосије Гологанов“ и населените места Горно и Средно Нерези.

Училиштето располага со 3426 м2 училишен простор и дворно место од 16751 м2. Во склоп на училиштето има една фискултурна сала и две асфалтирани игралишта за кошарка и ракомет како и детско игралиште изградено од Општината.

Во учебната 2022/2023 година во месец септември од страна на Општина Карпош е поставен нов покрив на фискултурната сала во ООУ„Братство“- Скопје

Од прво до деветто одделение има вкупно 34 паралелки и 1 комбинирана за ученици од I до V одделение во подрачното училиште во с.Горно Нерези кое е целосно реновирано од стран на Општина Карпош во 2017 година.  Вкупен број на ученици 723. Во училиштето се организира и проширена програма (продолжен престој). Воспитно образовна и друга дејност во училиштето вршат 82 лица.

Училиштето „Братство“ е партнер училиште за спроведување на МИО активности со  ООУ„Вера Циривири – Трена“- Скопје и со ООУ„св.Кирил и Методиј“- Центар

Училиштето “Братство“ е збратимено со ОУ „Јахја Кемал“ – Бурса (Р.Турција) и со ООУ„Вера Циривири – Трена“

Патронен празник: 9 Мај