Официјалната Facebook страница на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, од вчера попладне е блокирана и не е во функција.

 

Овој сајбер напад е пријавен до Владата и Министерството за внатрешни работи, како надлежни институции кои на дневна основа комуницираат со Facebook.

 

Ги известуваме сите граѓани дека комуникацијата на градоначалникот Стефан Богоев ќе продолжи преку неговиот приватен Facebook профил, а сите прашања можат да се постават на gradonacalnik@karpos.gov.mk , на Twitter профилог – @stefanbogoev или на Instagram – @sbogoev.

 

Исто така, активни се и официјалните канали за комуникација на Општина Карпош, на Facebook, Twitter и Instagram, како и мобилната апликација „мЗаедница“.