Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата Таск-ХРС, од 14.04.2026 година, ќе започне со реализација на  бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите.

 Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи.

                Имено, обуките ќе се одржуваат секој вторник во просториите на ООУ ,,Јан Амос Коменски” , со почеток од 18 часот и еден час ќе трае 90 минути по сесија. Предавањата се распоредени во вкупно 12 недели, а заинтересираните граѓани, претходно своето присуство потребно е да го најават на телефонскиот број   071/376-080.

                Оваа иницијатива ќе им помогне на повозрасните граѓани, како и на лицата од социјален ризик и маргинализираните групи граѓани, полесно да зачекорат во дигиталниот свет, односно да стекнат вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите како што се електронското банкарство, комуникациски апликации, социјалните мрежи итн. Во рамки на обуката ќе се говори и за основите за користење на електронските уреди, безбедното пребарување на интернет мрежата како и користење на електронската пошта, користење на јавни електронски услуги, дигитална економија и можности за дополнителни приходи.