По повод традиционалниот атлетски крос, кој е во организација на општина Карпош и одделението за спорт и култура, учествуваа ученици-атлетичари од шесто до деветто одделение од десетте основни училишта на територија на општината. Оваа година учествуваа околу 300 натпреварувачи, а одзивот на основци-спортисти секоја година е сé поголем. Оваа бројка покажува колку младите жители на Карпош имаат во себе спортски дух и талент. Седмиот по ред атлетски крос, кој се одржа денеска на амфитеатарот на кејот на реката Вардар, се одвиваше во повеќе категории, кои беа поделени по одделенија и пол. На најдобрите тројца атлетичари од сите категории, претседателот на Комисијата за спорт во Советот на општина Карпош, Давор Грче ги подели дипломите и пехарите и им посака уште многу вакви награди и полни полици со спортски пехари.
Атлетски Крос 2015
6-то одделение (девојчиња) 150 метри:
1.Џејљан Мифтари – ООУ „Братство“,
2.Ива Трпчевска – ООУ Петар Поп Арсов“,
3.Ана Алексовска – ООУ „Димо Хаџи Димов“.
6-то одделение (момчиња) 200 метри:
1.Муамед Рамизов – ООУ „Аврам Писевски“,
2.Петар Муратовски – ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“,
3.Андреј Алексовски – ООУ „Димо Хаџи Димов“.
7-мо одделение (девојчиња) 200 метри:
1.Златица Начевска – ООУ „Владо Тасевски“,
2.Ива Настевска – ООУ „Јан Амос Коменски“,
3.Мила Саздова – ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“.
7-мо одделение (момчиња) 250 метри:
1.Давид Наумоски – ООУ „Аврам Писевски“,
2.Стефан Стратев – ООУ „Димо Хаџи Димов“,
3.Марко Величковски – ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“.
8-мо одделение (девојчиња) 250 метри:
1.Анита Јовановска – ООУ „Лазо Трповски“,
2.Абадет Фејзулаи – ООУ „Братство“,
3.Бојана Маројевиќ – ООУ „Лазо Трповски“.
8-мо одделение (момчиња) 300 метри:
1.Ализ Алитов – ООУ „Аврам Писевски“,
2.Хамза Јашари – ООУ „Братство“,
3.Петар Арсовски – ООУ „Петар Поп Арсов“.
9-то одделение (девојчиња) 300 метри:
1.Марија Кузевска – ООУ „Димо Хаџи Димов“,
2.Ивана Чивлачки – ООУ „Јан Амос Коменски“,
3.Неда Добревска – ООУ „Јан Амос Коменски“.
9-то одделение (момчиња) 350 метри:
1.Бесар Мехмети – ООУ „Братство“,
2.Иван Стрезоски – ООУ „Петар Поп Арсов“,
3.Ѓорѓи Станојевски – ООУ „Владо Тасевски“.
Слики на следниов линк: