Општина Карпош утринава спроведе акција за темелно чистење на јавните паркинзи долж булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 90.Комуналните служби отстранија поголем дел од отпадот од паркинг просторот. 

Ја изразуваме нашата благодарност до граѓаните од околните згради, кои ги отстранија своите возила од паркинзите и овозможија непречено спроведување на акцијата.

 

Општина Карпош апелира на поголема грижа за животната средина од страна на сите граѓани и чинители, а локалната самоуправа продолжува секојдневно да се грижи за јавната хигиена.