АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ОД КАРПОШ – СЕВКУПНИ ПОБЕДНИЦИ НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ ВО ОХРИД
- јуни 9, 2025
- 0
Вработените од Општина Карпош и годинава целосно доминираа во рамки на 30-тите јубилејни спортски игри и средби, кои ги организираше Синдикатот на УПОЗ овој викенд во Охрид. Административците од Карпош ја покажаа својата мотивираност и спортска подготвеност, меѓу силната конкуренција во која учествуваа бројни екипи од управата и правосудството.
Имено, во мал фудбал и кошарка, мажите го освоија првото место, додека пак карпошанки го подигнаа победничкиот пехар во баскет, стрелаштво, тенис и пливање, а во пикадо ја обезбедија бронзата. Во заедничките дисциплини (мажи и жени), административците од Карпош беа непобедливи во одбојка и шах, а во влечење јаже ја освоија третата позиција. Заради постигнатите високи резултати, екипата на Општина Карпош беше промовирана во севкупен победник на Синдикалните игри на УПОЗ за 2025 годинa.