Од  28 октомври  (понеделник),  ќе започне    обуката за Microsoft  сертификација на наставниците од сите 10 основни училишта од Општина Карпош. Во обуката ќе бидат влучени повеќе од педесетина наставници, при што ќе го надоградат своето знаење со програмата Microsoft  office , која опфаќа целосно совладување на вештините во word, exel, power  point , односно целиот пакет, по што ќе добијат и соодветни сертификати.

 

             Инаку оваа обука е  во согласност со  приоритетите од Агендата на ЕК ,  со која  што , до 2020 година е предвидено  да се достигне  над 90 % дигитално писмено население. Certiadria како регионален партнер на Certiport, за оваа потреба спроведува сертификација со базичните програми на Microsoft.  За училиштата кај нас, со оваа Microsoft  сертификација,  на наставниот кадар најпрво  му  се овозможува примена на IT технологиите во организацијата на часовите, со тоа што наставниците ќе станат дигитално писмени  и подготвени  да  го  аплицираат стекнатото знаење и вештини за изведување на наставно – научната работа ( примена на  IT  технологии во наставата).

 

За  поврзување на училиштата, или пак Општините и локалната администрација, со овој  дигитален сертификат, се овозможува користење на грантови од ЕУ или фондови за прекугранична соработка. Со овој тип на сертификација се потврдува и ефикасноста и ефективноста во работењето на администрацијата на глобално ниво. Придобивките се многубројни, и освен што наставниот кадар  придонесува за квалитетот на наставата, има и поголема можност за партиципација во рамките на Еразмус програмата за мобилност на наставниот кадар. Оваа активност е поддржана и од Градот Скопје.