Вечерва на карпошово културно лето имаше програма од и за најмладите карпошани. На отворената сцена на плоштадот кај Млечен младинците и дечињата од танцовата школа “Денсерс јунајтед” ја забавуваа најмладата публика во динамичен ритам и енергичните танци. Понатаму како дел од програмата следеше кратко дружење со авторката Ана Јованоска, која потпишуваше примероци од своите дела со мисли кои ја поттикнуваат човечноста и вистинските вредности во животот.