„COOL HEATING“ – ПРОЕКТ ЗА ТРАЈНО НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО
- ноември 23, 2018
- 0
Проектот Cool Heating подразбира развивање на системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија.
Денеска, во Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев потпиша Писмо за изразување на заложба на локалните чинители, проектот кој веќе е имплементиран во над 70 поединечни објекти во Карпош, да прејде во следна, повисока фаза на реализација, во која ќе се врзуваат во цели мрежни системи засновани на обновливи извори на енергија.
Примарната цел е овој централен систем за греење и ладење да се имплементира во целосно нова еко – населба, како и во дел од установите на територија на локалната самоуправа.
Овие системи базирани на обновливи извори на енергија се системи на иднината, кои ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето, како еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваме.
Изминатава недела се одржа и тематска конференција за овој проект на национално ниво, со цел да се доближи до пошироката јавност и да им се претстави на субјекти кои работат во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, заштита на животната средина и изнаоѓање и користење на обновливи извори на енергија.